Природата претставува непресушен извор на можности и секогаш нуди идеални состојки за подобрување на било каков проблем или состојба на Вашата кожа. Едно од тие решенија е токму слузот од полжав кој директно од природата се употребува во козметички цели како решение во случај на проблем со акни, лузни, стрии или темни флеки на кожата. Слузот од полжав претставува вистински концентрат на голем број на регенеративни и хранливи состојки, кои истовремено имаат и заштитно дејство врз кожата.

Слузот од полжав има единствен состав кој содржи:

– Алантоин: состојка што има неверојатна моќ да го забрза заздравувањето на лузните и малечките рани, отколку кога истите би заздравиле по природен пат. Исто така го спречува штетното дејство на слободните радикали кои предизвикуваат предвременото стареење на кожата.

– Мукополисахариди: една од главните карактеристики на овие елементи е таа што кога истите ќе дојдат во допир со вода го зголемуваат својот волумен и креираат една желатинска гел состојка која има неверојатно високо хидратантно дејство. Со други зборови, кожата е секогаш одлично хидрирана и заштитена.

– Колаген: кој е природно присутен и во човечката кожа. Ја прави самата кожа мека, поеластична и го враќа тонусот на кожата.

– Гликолна киселина: го спречува предвременото стареење на кожата и ги отстранува мртвите клетки од неа. Исто така, го стимулира производството на колаген во кожата и ја прави поеластична. Оваа состојка е одлична во превенцијата на акните и темните флеки на кожата.

– Еластин: одлично ја оддржува еластичноста на кожата и ја спречува /ублажува појавата на стрии, лузнички и брчки;

– Витамини: А (го спречува стареењето на кожата), Е (природен антиоксиданс), Ц (го зголемува тонусот на ткивото).

Kремата за лице од екстракт од полжав, од познатиот пакистански бренд HEMANI, е токму она што треба да го користат сите кои сакаат да го зачуваат убавиот сјај и мазност на лицето.

Внимателно комбинирана крема од природни маслени екстракти кои имаат навлажнувачки ефект на кожата. Наменет е за отстранување на лузни, намалување на брчки и отстранување на мртвите клетки на површината на кожата. Со редовна употреба вашата кожа станува помека, побела и поблескава.
 
За сите типови кожа! Само за надворешна употреба.


 
Пакување: 80g. подарок сапун во склоп на кремата!

Производител: Hemani International, Pakistan.