Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка сместена веднаш под Адамовото јаболко, во неа се создаваат хормони кои влијаат на целокупниот метаболизам во телото како и енергетските процеси во организамот. Болестите на тироидета се меѓу најчестите здравствени проблеми на населението, посебно во некои делови на Република Македонија а и воопшто на просторите на Балканот, но бидејќи симптомите се развиваат бавно и постепено, честопати касно се откриваат.

Три најчести пореметувања на тироидната жлезда се:
Намалена функција на жлездата (хипотироидизам), зголемена функција на жлездата (хипертироидизам) и присуство на тироидни јазли.

НАМАЛЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПОТИРОИДИЗАМ)
Најчести симптоми на хипотироидизам се:

  • замор или губиток на енергија;
  • дебелеење;
  • неподнесување на студ;
  • сува кожа;
  • обилни менструални одливи кај жените;
  • запек;
  • психичка успореност.

ЗГОЛЕМЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПЕРТИРОИДИЗАМ)
Најчести симптоми се:

  • нервоза, психичка напнатост ,тресење на телото, страв, раздразливост;
  • забрзана работа на срцето (тахикардија);
  • чувство нa топлина, препотување;
  • слабеење;
  • замор, чувство на исцрпеност;
  • чести столици;
  • кратки и оскудни менструални одливи кај жените;
  • кај некои пациенти очите се испакнати со застрашувачки изглед.

Причините за промена на функцијата на тироидната жлезда се многубројни, а може да ја предизвикаат: автоимуни оштетувања, генетски модификации, акумулиран стрес, бременост, дефицит на нутриенти во исхраната или токсични материи од средината.

За нормална фунција на тироидната жлезда клучна е исхраната, внесот на јодирана сол, јаткасти плодови, зелен зеленчук, риба, кокосово масло. Генерално правилниот избор на храна ја одржува нејзината функција, но доколку имате посериозен проблем неопходен е внес и на одредени додатоци во исхраната.

Иновативен препарат, резултат на професионализмот и посветената работа на Руските научници од компанијата Фитопанацеа. Природен растителен препарат кој не е предвиден за доживотна употреба и се препорачува да се користи по претходна консултација со доктор специјалист за болести на тироидна жлезда.